logo
logo
logo

Тери размислувал за самоубиство по промашувањето на пеналот во финалето во ЛШ во Москва!

Vecer | 16.12.2025

Тери размислувал за самоубиство по промашувањето на пеналот во финалето во ЛШ во Москва!

ФОТО: Chelsea Football Club/FB

По она славно финале во ЛШ во Москва во 2008 година, поранешниот капитен на Челзи, Џон Тери, откри дека имал самоубиствени мисли ноќта по неговото промашување на пеналот во финалето на Лигата на шампионите во Москва, кое беше изгубено од Манчестер Јунајтед. Во 2008 година, легендарниот дефанзивец можеше да им ја донесе победата на „сините“, но наместо тоа во пенал – серијата тој ја погоди стативата, лизгајќи се неколку секунди пред да го изведе ударот, а тимот на Сер Алекс Фергусон го освои трофејот.

Самиот Тери беше неутешен откако ја пропушти шансата да ја освои првата титула на клубот во Лигата на шампионите. Поранешниот дефанзивец одлучи да фрли светлина врз вознемирувачките мисли што му се мотаа низ главата откако се врати во хотелската соба таа вечер во Москва.
„По натпреварот сите се вративме во хотелот, а јас бев на 25-ти кат. Гледав низ прозорецот и си мислев:

Зошто? Само зошто?“ Не велам дека ако имав шанса, ќе скокнев, но во вакви моменти секакви работи минуваат низ главата. Потоа момците дојдоа и ме соборија. Ова се оние моменти „што ако“ кога едноставно не знаеш што може да се случи.“

Тери помина уште девет години во Челзи и конечно го крена трофејот од Лигата на шампионите во 2012 година. Но, дури и тој триумф беше нарушен од црвен картон во полуфиналето што го исклучи од финалето.
За време на неговата славна кариера во Челзи, Џон Тери освои пет титули во Премиер лигата и мноштво други големи трофеи. Но, тие почести не беа доволни за да го засенат промашувањето од пенал што го прогонува до ден-денес.
„Сè уште се будам среде ноќ и велам: „О, тоа навистина се случи, да“. Не мислам дека некогаш ќе исчезне. „Кога го промашив пеналот во Москва, многу брзо сфаќаш кои се твоите пријатели и кои се луѓето на кои навистина им е грижа за тебе.Реј Вилкинс беше првата личност што ми се јави по тој натпревар за да се увери дека сум добро, а и уште неколку други луѓе. Тоа се моментите што навистина те тераат да сфатиш дека пријателите во фудбалот се реткост“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk