logo
logo
logo

Тен Хаг: Кога ќе постигнете три гола против Баерн, мора барем да не загубите

Vecer | 21.09.2023

Тен Хаг: Кога ќе постигнете три гола против Баерн, мора барем да не загубите

Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа доживеа пораз на гостувањето кај Баерн Минхен во рамките од првото коло во Лигата на Шампионите. Конечните 4:3 може секој различно да ги гледа, но факт е дека домаќините реално заслужија да победат.

„Разочарувањето нормално во моментов, бидејќи не бевме доволно внимателни во добрана. Кога ќе постигнеш три гола против Баерн , треба да освоиш барем бод. Се наоѓаме во период кога речиси се е против нас. Мора да ја свртиме ситуацијата околу себе. Факт е и дека во последните три натпревари игравме против многу силни противници“, изјави Тен Хаг пс продолжи.

„За пофалба е што Онана ја презеде вината за поразот, но поважно е да останеме заедно како тим. Секогаш ќе има грешки. Ако некој згреши, другите мора да му помогнат и тимот да не падне во криза. Денеска покажавме дека не се откажуваме и веруваме во себе“, продолжи Холанѓанецот па поентираше.

„Секој натпревар е важен. Никој нема да ни помогне ако не го направиме тоа сами. Се е во наши раце. Мора да научиме да ја одржуваме концентрацијата и да не дозволуваме противниците да ни даваат голови по наши грешки. Проблемот не е во лошата интервенција на Онана, туку во тоа што противничкиот играч доби голем простор за шут“, потенцира Тен Хаг.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk