logo
logo
logo

Тен Хаг би можел да се врати во Ајакс?!

Vecer | 04.09.2025

Тен Хаг би можел да се врати во Ајакс?!

Bayer 04 Leverkusen Saison 2025_2026 10.07.2025 Training

Откако по само два месеци престој во Леверкузен доби отказ, се чини дека Ерик Тен Хаг по нешто помалку од три години ќе се врати во својот Ајакс.

Имено како што пренесуваат медиумите во Холандија, најголемиот клуб во таа земја и некогашен четирикратен европски првак, и тоа како пројавил интерес повторно да му ја довери клупата на стратегот со кого тој пред да замине во Манчестер Јунајтед и тоа како имаше успешни резултати и освојуваше титули на домашна сцена.

Сепак Ајакс сега има тренер, а тоа е Џон Хејтинга, кој минатата сезона му беше помошник на Арне Слот во Ливерпул. Хејтинга на стартот од новата сезона има и добри резултати со Ајакс, но јавноста во Холандија не верува дека токму тој е решението за клупата на овој клуб.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk