logo
logo
logo

Тажни слики од С. Арабија: Зарем ова е Роналдо кој е платен 200 милиони евра по сезона!? (ВИДЕО)

Vecer | 23.01.2023

Тажни слики од С. Арабија: Зарем ова е Роналдо кој е платен 200 милиони евра по сезона!? (ВИДЕО)

Конечно вчера Кристијано Роналдо го имаше своето официјално деби во тимот на Ал Наср, за кој потпиша пред еден месец и тоа за 200 милиони евра по сезона. Ја имаше капитенската лента, ги одигра сите 90 минути против Ал Етифак, неговиот тим победи со 1:0, но Португалецот едноставно разочара.

Социјалните мрежи вријат, се вртат тажни слики и видеа од она што Роналдо вчера го покажа на теренот, подбро кажано срцепарателни. Тие што го знаат Роналдо како еден од најдобрите фудбалери во историјата просто се вџашени, запрепастени, разочарани. Не може да одработи еден асолен дриблинг, слободните удари беа посебна приказна, за гол да не правиме муабет.

Можеме само да претпоставиме што сега мислат пребогатите шеици кои му „лупнаа“ на Португалецот стотина милиони долари, за фановите во С. Арабија и да не правиме муабет.

Роналдо се трудеше, сакаше да се покаже, но не беше ниту бледа сенка од оној вистинскиот Кристијано.

Зарем ова е Роналдо кој е платен по 200 милиони евра по сезона?

ФОТО: Al Nassr twitter


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk