logo
logo
logo

Светот го дочека и ова: Кристијано Роналдо на прием кај Доналд Трамп

Vecer | 19.11.2025

Светот го дочека и ова: Кристијано Роналдо на прием кај Доналд Трамп

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо денеска верувале или не, беше на официјален прием кај претседателот на САД, Доналд Трамп.

Светот е во шок, затоа што реално, Кристијано Роналдо освен што е фудбалер, и енормно популарна личност од светски размери со ништо друго не заслужил да добие ваков третман и да биде официјално примен од реално најмоќната политичка фигура на светот.

Како и да се Роналдо и неговата партнерка, Георгина, денеска беа дел од протоколот кај претседателот Трапм. Многу веројатно темата била претстојниот Мундијал кој ќе се одржи токму во САД, во косоработка со Мексико и Канада, а Роналдо ќе биде дел од него затоа што Португалија се квалификуваше пред два дена.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk