logo
logo
logo

„Супер Орлите“ не се намачија за четвртфинале на КАН

Vecer | 05.01.2026

„Супер Орлите“ не се намачија за четвртфинале на КАН

фото: TotalEnergies AFCON 2025 (X)

По Мароко, Сенегал, Египет, Камерун и Мали, вечерва, Нигерија си ја заврши рутинската работа и го совлада Мозамбик со резултат од 4:0 со што се приклучи во четвртфиналето на Купот на Африканските нации.

Ова беше меч со најмалку драма, и уште од самиот почеток беше јасно дека Нигерија без поголеми проблеми ќе се најде меѓу осумте најдобро. Виктор Осимхен постигна гол во втората минута за водство на Нигерија, но ВАР системот го поништи. Сепак, тоа не ги обесхрабри Нигеријците.

До 25-тата минута тие имаа сигурно водство. Прво, во 20-тата минута, Адемола Лукман постигна гол за водство од 1:0, а пет минути подоцна, Осимхен постигна гол кој конечно беше признат за 2:0, со кои се замина на одмор.

На самиот почеток од вториот дел, Осимхен го постигна вториот гол за 3:0. Мозамбик немаше шанси, ниту да се врати во игра, ниту да направи нешто поопасно, а четвртиот гол го примија во 75-тата минута кога Акор Адамс од Севиља постигна гол за јинечни 4:0.

Нигерија во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации ќе игра против Алжир или Демократска Република Конго


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk