logo
logo
logo

Супер Меси се врати со два гола и историско остварување!

Vecer | 15.09.2024

Супер Меси се врати со два гола и историско остварување!

Осумкратниот освојувач на „Златната топка“ Лионел Меси се врати на терените  во победата на Интер Мајами над Филаделфија Унион од 3-1 во натпревар од регуларниот дел од сезоната на американската голема фудбалска лига.

Ѕвездениот клуб на Дејвид Бекам до успехот стигна по целосен пресврт. Два гола на Меси (26′, 30′) и еден на Луис Суарез (90’+8′) беше доволен за победа.

Лионел Меси сега има 15 гола и 15 асистенции во 19 различни натпревари во МЛС, што го прави најбрзиот во историјата на американската лига.

Тој беше надвор од клупскиот фудбал од 1 јуни, бидејќи имаше обврски со родната Аргентина на турнирот Копа Америка, кој „гаучосите“ го освоија вторпат по ред.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk