logo
logo
logo

Супер – дерби на “Сан Сиро“: Милан ја победи Рома, Мењан му одбрани пенал на Дибала!

Vecer | 02.11.2025

Супер – дерби на “Сан Сиро“: Милан ја победи Рома, Мењан му одбрани пенал на Дибала!

ФОТО: AS Roma/FB

Фантастично, супер – дерби на „Сан Сиро“ вечерва во рамките на 10.коло во Серија А. Милан – Рома 1:0 со голот на Србинот Страхиња Павловиќ во таа 39.минута по асистенцијата на Рафа Леао. И веднаш да кажеме дека Рома можеше да израмни во 82.минута, но ударот од белата точка на Паоло Дибала домашниот голман Мајк Мењан со фантастична парада му го удари и ја сочува победата на гигантот од Милано.

Штета што на ова дерби имаше само еден гол, ако се знае дека и двете екипи имаа по неколку шанси.

Рома во првата фаза од средбата беше одлична, имаше и зицери, но од водството па натаму, Милан беше тој што беше подобар и на крајот заслужено победи.

Па така сега по 10.коло во горниот дел на табелата вистинска гужва. Прв е Наполи со 22 бода, следуваат Интер, Милан и Рома со по 21 бод.

Секако дека битката за титулата допрва ќе се разгорува.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk