logo
logo
logo

Страшни вести од Калифорнија: Убиство во близина на фан-зоната! (ВИДЕО)

Vecer | 29.06.2026

Страшни вести од Калифорнија: Убиство во близина на фан-зоната! (ВИДЕО)

фото:printscreen

Страшни вести доаѓаат од САД. Имено вчера вечер по локално време, се случи сериозен инцидент на плоштадот Сан Педро, еден од најпознатите центри во Сан Хозе, соопштија американските власти. Едно лице го загуби животот, додека друго се здоби со сериозни, животозагрозувачки повреди, во пукотница што се случи во близина на фан-зоната каде што навивачите ги гледаа натпреварите на видео-бим претходните денови, како и таа вечер. Една жртва почина на лице место, додека другата беше итно префрлена во болница, каде што лекарите се борат за неговиот живот. Случајот се третира како убиство, а истрагата е во тек.
„Од безбедносни причини, дел од околните улици се затворени, а граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа додека трае полициската истрага“, јавуваат медиумите. Во времето на пукањето, не беше емитуван натпревар од Светското првенство, чии домаќини се САД, Мексико и Канада. Единствениот натпревар закажан за тој ден, помеѓу Јужна Африка и Канада, заврши неколку часа порано, но голем број навивачи и фудбалски фанови останаа собрани во фан-зоната.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk