Со комплетно втор состав Атлетико (М) ги освои трите бода на гостувањето на „Местаља“ против Валенсија во денешниот натпревар од 34. коло на Ла Лига. Мадриѓани славеа со 2:0, а Столе Димитриевски и неговата Валенсија сега и понатаму ќе треперат за обезбедување опстанок во последните 4 кола од тековната сезона.
Чоло Симеоне реши мечот да го одигра со резервите, за да ја зачува свежината на првотимците пред реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Арсенал во вторник. Победата за гостите дојде со двата гола во завршните 15 минути од натпреварот. Најпрво Луке погоди во 74. минута за 0:1, а само осум минути подоцна, со голот на Кубо, „јорганџиите“ го запечатија триумфот.
Валенсија и да сакаше не можеше повеќе, со оглед на тоа што не упати ниту еден директен удар кон противничкиот гол. Столе, пак, имаше доста работа и средбата ја заврши со уште три одбранети удари.