logo
logo
logo

Стадионот добива нова трева!

Vecer | 03.10.2023

Стадионот добива нова трева!

Отпочнуваме со активности на националната арена „Тодор Проески“ во насока на целосна ревитализација на тревната површина и нејзините придружни елементи, велат од  АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за републиката и додаваат дека во соработка со ФФМ отпочнува процес на целосно менување на тревната површина.

- Последен пат ваква активност е изведена во 2012 година, а проектот е донација од ФФМ преку УЕФА и се очекува да биде завршен пред националниот натпревар со Англија на којшто ќе можеме да се пофалиме со нова, најсовремена тревна површина согласно највисоките стандарди на меѓународните фудбалски институции. Дополнително, пред поставување на тревната површина нашето друштво активно работи на надградба на системот за наводнување на тревата, на начин којшто ќе биде најадекватен за новото игралиште. Вредноста на инвестицијата и на донацијата ќе биде дополнително истакната кога ќе се презентира целиот овој проект како реализиран, велат и додаваат дека новите услови на Националната арена ќе ги подобрат условите за работа на националниот и клупскиот фудбал и, генерално, се во насока на успешно развивање на спортот во РСМ.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk