Сега веќе и дефинитивно Алесандро Бастони, ја отвори вратата за можен трансфер во Барселона за време на претстојниот летен преоден рок.
Според информациите од шпанското издание „Марка“, дефанзивецот на Интер е силно привлечен од спортскиот проект предводен од главниот тренер Ханси Флик. Во моментов, каталонскиот клуб активно бара начини за зајакнување на својата одбранбена линија, барајќи стопер кој може смирено да ја додава топката. Ханси Флик лично го убедил Бастони да ја прифати понудата на Барселона. Двајцата имале разговор што траел неколку часа.
На 26-годишна возраст, италијанскиот интернационалец веќе има солидно искуство на највисоко ниво во европскиот фудбал. Овој профил целосно ги исполнува строгите критериуми поставени од спортскиот менаџмент на Барса. Бастони нуди токму она што му е потребно на тимот.
И покрај заемниот интерес, завршувањето на договорот се чини дека е исклучително тешка задача. Главната пречка е цената на играчот. Се очекува надоместокот за трансфер да се движи помеѓу 60 и 80 милиони евра, што претставува сериозен товар за моменталната финансиска состојба на Барселона.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата