logo
logo
logo

Соиграч на Пандев е новиот тренер на Интер, опција било и враќање на „Специјалниот“!

Vecer | 06.06.2025

Соиграч на Пандев е новиот тренер на Интер, опција било и враќање на „Специјалниот“!

Очекувано. По дебаклот во финалето во Лигата на Шампионите, Симеоне Инзаги си замина во С. Арабија а прв пик на раководството на Интер за нов стратег беше Цеск Фабрегас. Сепак откако тренерот на Комо ја одби понудата од Милано, на ред дојде Кристијан Киву, некогашен соиграч на нашиот Горан Пандв од златните времиња на Интер, од таа 2010 година кога гигантот од Милано ја освои “триплетата“. Со Романецот се е договорено.

Инаку според шпекулациите од медиумите во Италија и Турција, опција бил и Жозе Мурињо. Човекот за кого фановите на Интер, со право, сметаат дека е икона на клубот за се она што направи за тие две сезони од 2008 до 2010 година.

Специјалниот“ веќе тргнал за Милано, но Фенер сепак не го пуштил, побарале Турците астрономска отштета и до враќање на Жозе на “Меаца“ барем засега нема ништо.

Уф, каква приказна ќе беше тоа.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk