logo
logo
logo

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Vecer | 17.02.2025

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен картон на Џуд Белингем на натпреварот Осасуна-Реал Мадрид, ги исклучил коментарите на своите социјални мрежи, бидејќи почнал да добива смртни закани.

Мунуера на англискиот репрезентативец му го покажа патот кон соблекувалната по пцовките кои наводно биле погрешно протолкувани. Карло Анчелоти на прес-конференција објасни дека дошло до недоразбурање, но шпанските медиуми тврдат дека Белингем жестоко го пцуел судијата.

Овој црвен картон ги налути навивачите на Реал Мадрид кои исто како и клубот веруваат дека намерно им се нанесува штета за време на натпреварите во шпанското првенство. Некои од нив претераа и почнаа да му се закануваат на судијата со смрт. Според Мундо Депортиво, на неговиот Инстаграм се појавиле илјадници вербални напади врз искусниот судија. Некои од нив имаа емотикони од свињи и стаорци, но некои вклучуваа и закани кон него и неговото семејство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk