logo
logo
logo

Словенечкиот фудбалски клуб со 100-годишна историја оди во банкрот

Vecer | 19.01.2026

Словенечкиот фудбалски клуб со 100-годишна историја оди во банкрот

фото: NK Domzale (FB)

Фудбалскиот клуб Домжале кој има 100-годишна традиција ќе банкротира. Како што објавија словенечките медиуми, по одлуката на последниот потенцијален инвеститор да се откаже од зделката, ситуацијата е таква што нема друга опција освен клубот да оди во банкрот.

„Тимот нема да продолжи со натпреварувањето, за што веќе го информиравме сојузот и побаравме помош од нив за да можеме да продолжиме со тренинзите и натпреварите во детските и младинските категории. Процедурите во врска со ова сè уште не се завршени, па затоа ги молам родителите и тренерите за малку повеќе трпение. Во овој момент не знам ништо друго“, изјави претседателот на клубот, Стане Оражем.

Шпанските инвеститори кои сакаа да го купат клубот, во неделата објавилр дека нема да инвестираат во клубот од Домжале. Официјална потврда се очекува утре.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk