logo
logo
logo

Слатка одмазда на Винисиус: Реал е во 1/8 финалето во ЛШ, таму е и ПСЖ а во Торино се играат продолженија!

Vecer | 25.02.2026

Слатка одмазда на Винисиус: Реал е во 1/8 финалето во ЛШ, таму е и ПСЖ а во Торино се играат продолженија!

ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Сепак Реал си е Реал. Вечерва на “Сантијаго Бернабеу“ составот на Арбелоа славеше со 2:1 (вкупни 3:1) во реваншот од плеј – офот во ЛШ против Бенфика и со тоа се пласира во следната фаза, во 1/8 финалето а таму ќе игра против Спортинг или Манчестер Сити. Но тоа ќе се знае во петок на ждрепката во Нион.

Рафа Силва во 14.минута најави изненадување кога му донесе водство на гостинот од Лисабон. Сепак само две минути подоцна Чуамени израмни. Сепак По овој меч најзадоволен ќе биде Винисиус кој во 80.минута постигна убав гол за 2:1, за победа и за слатка одмазда, ако се знае што се случуваше на првиот меч во Лисабон.

ПСЖ и Монако одиграа 2:2 во реваншот, па така европскиот шампион со вкупни 5:2 се пласира во следната фаза каде го чека меч со Барселона или Челзи. Е тоа ќе биде вистински спектакл.

Маркињос и Кварацкелија беа стрелци за тимот на Луис Енрике, а за гостите погодија Аклиуче и Тезе.

Сензација во Торино. Јуве по 90.минути успеа да го победи Галатасарај со 3:0 и со тоа да анулира разликата на турскиот тим од првиот меч кога беше 5:2. Па така овој меч замина во продолженија. Стрелци на головите за Локатели, Гати и МекКени кој погоди за 3:0 во 82.минута.

Што ли само пропуштија фудбалерите на Галатасарај.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk