logo
logo
logo

СКП: Јувентус го „растури„ Ал Аин, победа и за Салцбург (ВИДЕО)

Vecer | 19.06.2025

СКП: Јувентус го „растури„ Ал Аин, победа и за Салцбург (ВИДЕО)

фото: JuventusFC (X)

Јувентус извонредно го започна своето учество на Светското клупско првенство откако доцна синоќа го „растури“ тимот на Ал-Аин од Обединетите Арапски Емирати со 5-0 во првиот натпревар во групата „Г“. „Бјанконерите“ демонстрираа класа и брзина, со кои буквално го здробија противникот во првото полувреме, кога постигнаа четири гола.

Коло Муани го отвори резултатот со глава во 11-тата минута, а десет минути подоцна Франциско Консеисао зголеми на 2:0. Во 31-вата минута, Кенан Јилдиз додаде спектакуларен гол од далечина, а Коло Муани повторно постигна гол за да зголеми на 4:0 пред полувремето. Во второто полувреме, Консеисао ги постави конечните 5:0 со својот втор гол.

Во вториот ноќешен дуел РБ Салцбург славеше над мексиканска Пачука со 2:1 во натпревар од групата „Х“. Натпреварот во Синсинати понуди сè – брзо темпо, шанси, грмотевици, едночасовна пауза и три одлични гола.

Второто полувреме започна со прекин од речиси еден час поради грмотевици над стадионот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk