logo
logo
logo

Скандал во Реал (М): Четворица фудбалери одбиле да одат на едно гостување!?

Vecer | 20.04.2026

Скандал во Реал (М): Четворица фудбалери одбиле да одат на едно гостување!?

ФОТО:facebook.com/RealMadrid

Според информациите кои утрово протекоа од Шпанија, четворица играчи на Реал Мадрид не сакале да патуваат со тимот на едно од гостувањата оваа сезона. Имено, станува збор за натпревар што се одигра во рамките на 27-то коло од Ла Лига во Селта на 6 март.

Реал Мадрид успеа да победи со гол во 95-тата минута со малку тешкотии, а сега се појавија информации за играчите кои не сакале да одат на тој натпревар. Новинарот Пепе Алварез, познат по вестите од Реал Мадрид, објави четири имиња. На списокот на „бунтовници“ биле Раул Асенсио, Дани Карвахал, Камавинга и Алваро Карерас.

Асенсио го одигра целиот натпревар, а Карвахал беше на клупата, додека Камавинка и Карерас не беа во поставата. Не е познато како мадридскиот тим го реши проблемот, но таквите информации предизвикаа бројни и бурни реакции, особено кај навивачите на Реал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk