logo
logo
logo

Скандал во Манчестер: Младинци на Јунајтед и Сити со лажни документи за своите години?!

Vecer | 19.03.2025

Скандал во Манчестер: Младинци на Јунајтед и Сити со лажни документи за своите години?!

На Островот по се изгледа дека може да избие голема скандал. Британскиот “Телеграф“ објавува дека најмалку шест играчи од младинските екипи на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити лажеле за своите години, односно имале лажни документи за својата возраст.

Засега нема докази дека за тоа своја вина имаат самите клубови, но секако дека треба да се почека.

Се тргнало од тоа дека родители на играчи од противнички екипи се пожалиле дека е неможно тие играчи да бидат младинци, дека се сомневаат во тоа дека станува збор за полнолетни лица.

Најважно е тоа, барем според пишувањето на “Телеграф“ дека за се ова има и докази.

Според законите во Велика Британија, секоја пријава за измама за возраста на било кое лице, може да покрене сомнеж дека тие деца би можеле да бидат жртви на можна трговија со луѓе.

Од друга страна Јунајтед, Сити, ФА и Премиерлигата одбиле да ги коментираат овие написи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk