logo
logo
logo

Скандал во Лига 1: Срам за европскиот шампион!

Vecer | 26.03.2026

Скандал во Лига 1: Срам за европскиот шампион!

Фото: ПСЖ Твитер

Голем скандал во Лига 1, секако и голем срам за европскиот шампион. Француската фудбалска лига денеска го одложи натпревар помеѓу Ланс и Пари Сен Жермен за 13 мај, за да му се овозможи на парискиот клуб подобро да се подготви за четвртфиналето од Лигата на шампионите против Ливерпул.
Првенствениот натпревар помеѓу Ланс и Пари Сен Жермен требаше да се игра на 11 април, помеѓу двата четвртфинални дуели од Лигата на шампионите помеѓу парискиот клуб и Ливерпул, но според одлуката на Лигата, тој ќе се игра на 13 мај, помеѓу последните две кола од француското првенство.
Лидерот Пари Сен Жермен има бод и натпревар помалку во однос на второпласираниот Ланс. Ланс оваа недела одби да го одложи натпреварот и изјави дека Лигата „се сведе на задоволување на европските амбиции на одредени страни“.

Одлука која секако дека му оди и тоа како во прилог на ПСЖ.

Натпреварот помеѓу Стразбур и Брест на 12 април исто така е одложен, бидејќи се игра помеѓу четвртфиналето од Конференциската лига, која Стразбур ја игра против Мајнц.
Лигата објави дека раководството едногласно одлучило да ги прифати барањата на Пари Сен Жермен и Стразбур и дека одлуката, за која не е потребно одобрение од Ланс и Брест, е донесена во интерес на францускиот фудбал.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk