logo
logo
logo

Скандал: По неуспехот на АФКОН суспендирана е репрезентацијата, стручниот штаб распуштен, Обамејанг е исклучен!

Vecer | 01.01.2026

Скандал: По неуспехот на АФКОН суспендирана е репрезентацијата, стручниот штаб распуштен, Обамејанг е исклучен!

Во некои земји неуспех на едно големо фудбалско натпреварвање се смета како голема трагедија, така е и во Габон.По катастрофалниот настап на турнирот во Мароко, каде што репрезентацијата на Габон забележа три порази во исто толку натпревари, имаше остра реакција од државните власти.
Министерот за спорт, Симплис-Дезир Мамбула, предложи радикални чекори што вклучуваат суспензија на националниот фудбалски тим и исклучување на Пјер-Емерик Обамејанг, најголемата ѕвезда и најдобриот играч во историјата на земјата.

Барам распуштање на тренерскиот персонал и суспензија на националниот тим до понатамошно известување. Исто така, барам исклучување на Бруно Манга и Пјер-Емерик Обамејанг од тимот“, рече Мамбула.

Ситуацијата ја коментираше и претседателот на земјата, Брајс Клотар Олиги Енгема, кој го окарактеризира неуспехот на спортскиот терен како удар врз националната гордост, нагласувајќи дека „дел од националниот идентитет е ослабен“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk