logo
logo
logo

Скандал на КАН: Нигеријците одбија да тренираат пред четвртфиналето, си ги бараат премиите!

Vecer | 07.01.2026

Скандал на КАН: Нигеријците одбија да тренираат пред четвртфиналето, си ги бараат премиите!

фото: TotalEnergies AFCON 2025 (X)

Фудбалската репрезентација на Нигерија  одби да тренира и најави дека нема ниту да патува во Маракеш за четвртфиналето на Африканскиот куп на нации против Алжир, доколку веднаш не им бидат исплатени бонусите за победите.

Имено, станува збор за компензација за претходните четири победи на турнирот (против Танзанија, Тунис, Уганда и Мозамбик), поради што „Супер орлите“ одлучија да ги прекинат подготовките додека не се реши финансискиот спор.

Слични бојкоти се случија и за време на квалификациите за Светското првенство во 2026 година, кога играчите привремено ги прекинаа своите активности додека не се намират долговите.

Нигериската фудбалска асоцијација наводно започнала преговори за што поскоро решавање на спорот, но засега нема информации за конкретен договор. Селекторот и капитенот се обидуваат да ги смират тензиите и да го вратат фокусот на играчите кон четвртфиналниот натпревар, бидејќи сите се свесни дека удар во оваа фаза од натпреварувањето би можел скапо да ја чини Нигерија. Натпреварот помеѓу Алжир и Нигерија е закажан за сабота.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk