Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, призна дека не знае дали „гаучосите“ ќе се потпрат на својата легенда Лионел Меси за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. Скалони беше прашан дали Меси ќе биде во репрезентацијата на Аргентина, која ќе ја брани светската титула:
„Тоа е прашање за Лео. Знаете кое е моето мислење. Ќе направам сè што е можно за да биде таму. Верувам дека за доброто на фудбалот тој треба да игра. Јас не одлучувам. Тоа зависи од него, од неговиот став и физичка состојба.“ одговори Скалони.
“Тешко е затоа што не само Аргентинците сакаат да го видат, сите сакаат да го видат. Сакам да биде таму, но тој ќе одлучи. Лео го заработи своето право да ја донесе оваа одлука во мир. Не брзаме. Знаеме дека што и да избере ќе биде најдобро за тимот и за него. Се надеваме дека ќе биде со нас“, призна селекторот на светскиот првак.
Тој потврди дека Меси ќе игра на пријателските натпревари против Мавританија (27 март) и Замбија (31 март) на „Ла Бомбонера“ во Буенос Аирес:
„Меси ќе игра на двата натпревари, но ќе видиме дали ќе биде од првата минута. Имаме уште два натпревари на домашен терен, а за секој Аргентинец тоа е одлична можност да го види на теренот и да ужива во него“, заклучи Скалони.