logo
logo
logo

Сити повторно „киксна“: Вака не се освојува титула во Англија!

Vecer | 14.03.2026

Сити повторно „киксна“: Вака не се освојува титула во Англија!

фото: Premier League (X)

Фудбалерите на Манчестер Сити напоравија уште еден „кикс“ и губат чекор зад Арсенал во борбата за титулата во англиската Премиер лига. Вечерва, во натпреварот од 30-тото коло како гостин, ремизираа со Вест Хем, 1:1, и сега имаат девет бода помалку од лидерот Арсенал, со натпревар малку. За Вест Хем овој бод значи останување на 17-тото место со 29 бода.

Менаџерот Пеп Гвардиола, кој го гледаше натпреварот од ложата поради суспензијата, немаше простор да биде задоволен од својот тим. Манчестер Сити одигра слабо, Вест Хем се бранеше добро и дисциплинирано, и прв израмни.

Бернардо Силва  го донесе својот тим во водство, додека голот за 1:1 беше дело на Мавропанос. Се се случи во четири минути.

До самиот крај Сити имаше шанси и за победа, но не успеа да реализира ниту една.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk