logo
logo
logo

Симеоне му врати на Јамал: „Оди играј тенис…!“

Vecer | 14.04.2026

Симеоне му врати на Јамал: „Оди играј тенис…!“

фото: Atlético de Madrid @Atleti (X)

Во пресрет на вечерашниот реванш од 1/4 финалето во ЛШ на „Метрополитано“, младиот бисер на Барселона, Ламине Јамал, јавно ја критикуваше тактиката на Диего Симеоне, а овој и тоа како му врати, во негов стил. Имено Јамал се пожали на начинот на кој Атлетико се обидува да го запре, истакнувајќи дека Симеоне често користи повеќе играчи за да го неутрализира.
„Ќе видиме дали Диего Симеоне ќе ми направи услуга и ќе ме остави еден на еден со еден од неговите играчи. Искрено се надевам на тоа“, рече младиот играч на Барселона.

Секако, оваа изјава брзо стигна до тренерот на Атлетико, а неговиот одговор беше во неговиот препознатлив, остар стил.
„Ако сака да игра еден на еден, може да оди да игра тенис“, рече Симеоне.
“Од Атлетико се очекува да игра дисциплинирано во реваншот, со акцент на одбраната, со цел да ја зачуваме предноста од првиот натпревар. Знаеме што ни треба и ќе играме на начин што ќе ни обезбеди пласман понатаму. Ги познаваме многу добро нашите противници, свесни сме за нивните квалитети, но и нашата цел е јасна – да се пласираме во следната фаза“, заклучи тренерот на мадридскиот тим.

Инаку „јорганџиите“ од првиот меч имаат предност од 2:0.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk