logo
logo
logo

„Шумарите“ за пенал подобри од Астон Вила, Кристал Палас чекори кон финале во КЛ (ВИДЕО)

Vecer | 30.04.2026

„Шумарите“ за пенал подобри од Астон Вила, Кристал Палас чекори кон финале во КЛ (ВИДЕО)

Нотингем Форест славеше минимално со 1:0 во големото англиско дерби во полуфиналето на Лигата на Европа. Вечерва во еден навистина цврст натпревар, популарните „шумари“ дојдоа до минимална победа благодарение на досудениот пенал во 71. минута од мечот, кој искусниот Крис Вуд успеа да го претвори во гол. Нотингем со минимална предност заминува на иднонеделното гостување на „Вила Парк“ каде ќе се одлучува прашањето за патникот во финалето.

Во второто полуфинале од Лигата на Европа, Брага со гол во судиското продолжение го победи Фрајбург со 2:1. Португалците тргнаа одлично и со голот на Тиркназ уште во 6. минута повредоа. Упорните Германци успеаја да дојдат до гол-шанса само десет минути подоцна кога Грифо израмни на 1:1. За одбележување е промашениот пенал во 45+1 минута на домашниот фудбалер Залазар, по што Брага не успеа да дојде до водство. Сепак во 90+2 минута, Доргелес беше прецизен за конечни 2:1.

Во полуфиналето од Конференциската лига, на мечот во Краков каде Шахтјор го пречека англиски Кристал Палас, гостите дојдоа до голема победа од 1:3. Исмаила Сар погоди уште во 21 секунда на мечот и постави рекорд за најбрз гол во КЛ. Домашните возвратија преку Очеретко на стартот на вториот дел за 1:1. по што Камада и Ларсен до крајот донесоа победа за гостите.

Со голот на Алемао во 54. минута Рајо Ваљекано во првото полуфинале славеше дома против Стразбур со 1:0.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk