Косово се чини дека ја доби “војната“ во пресрет а квалификацискиот дуел со Шпанија, кој се игра на 31 март во Севиља, во рамките од групата Б за пласман на СП во Катар 2022 година.
Првично, по налог на Владата на Шпанија, Фудбалската федерација на таа земја не сакаше на овој натпревар, како организатор да признае дека игра со држава, туку со територија. Дури се закани дека пред мечот нема да има знаме истакнато и нема да биде интонирана химната на Косово.
По ова, УЕФА и ФИФА очигледно е дека направиле дополнителен притисо, па така од врвот на Фудбалската федерација на Косово, се пофалија дека се е во ред, дека Косово ќе игра со Шпанија како држава со држава и дека ќе има знаме на Косово, како и дека ќе биде интонирана химната.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата