logo
logo
logo

Шоу на Меси и Суарез (ВИДЕО)

Vecer | 03.03.2024

Шоу на Меси и Суарез (ВИДЕО)

Интер Мајами победи со 5:0 во третиот натпревар сезонава, а Лионел Меси и Луис Суарез погодија два пати на мечот против Орландо Сити. Ова беа први голови во МЛС за уругвајскиот напаѓач кој оваа сезона им се приклучи на поранешните соиграчи од Барселона, а забележа и две асистенции.

Суарез и Меси беа дел од напаѓачкото трио на тимот покрај Роберто Тејлор. А Тејлор постигна гол зголемувајќи го резултатот на 3:0. Жорди Алба и Серхио Бускетс, поранешни соиграчи на Меси и Суарез од славните денови на Барселона, ги одиграа сите 90 минути за франшизата во косопственост на Дејвид Бекам.

Меси има три гола и една асистенција за актуелните лидери во Источната конференција во МЛС.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk