logo
logo
logo

Шокантно: Еве зошто Ковач “казни“ двајца стартери за дербито со Баерн!

Vecer | 01.03.2026

Шокантно: Еве зошто Ковач “казни“ двајца стартери за дербито со Баерн!

ФОТО:.facebook.com/BVB

Големото германско дерби помеѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен го одбележа сензационално изненадување. Главниот тренер на „жолто-црните“ Нико Ковач ги изостави двајца од своите главни играчи – шутерот Серу Гираси и дефанзивецот Рами Бенсебаини – од стартниот состав, а причината се покажа како необична.
По натпреварот, хрватскиот стратег откри дека двајцата играчи постеле и, според него, тоа влијаело на нивната физичка состојба.

Серу и Рами постат. Тие се на овој режим две недели, а во тој период одигравме четири натпревари. Не е лесно за професионален спортист да не јаде и пие цел ден. Затоа решив да не ги пуштам од првата минута“, објасни Ковач.
Тој изјави дека ги има сите потребни податоци и според нив, недостатокот на храна и внесување на течности влијае на перформансите.

Како тренер, јас сум одговорен за здравјето на моите играчи“, додаде менторот.

Борусија поведе во дербито со голот на Нико Шлотербак во 26-тата минута, но Хари Кејн израмни во 54-тата. Англичанецот реализираше и пенал во 70-тата минута за 2:1, Свенсон го врати изедначувањето, а на крајот Џошуа Кимих му ја донесе победата за Баерн.
Со победата, Баварците ја зголемија својата предност на врвот и сега се 11 бода пред Борусија во трката за титулата во Бундеслигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk