logo
logo
logo

Шок за младиот Аргентинец: Дон Флорентино нареди неговото име да не се скандира на “Сантијаго Бернабеу“!

Vecer | 23.08.2025

Шок за младиот Аргентинец: Дон Флорентино нареди неговото име да не се скандира на “Сантијаго Бернабеу“!

ФОТО: Real Madrid FC/FB

Франко Мастантуно пред неколку дена и официјално беше промовиран како ново име во Реал Мадрид, како негова нова идна мега – ѕвезда. Мастантуоно го имаше своето деби против Осасуна и ги импресионира фановите на Реал, а на моменти имаше и скандирање од трибините…

Франко, Франко…“.

Ова секако не му се допадна на Флорентино Перез па нареди по секоја цена да се забранат таквите скандирања, и на дресот на младиот Аргентинец да не смее да стои името Франко.

Секако дека ова е шок за младиот Аргентинец, но ако се знае дека со Шпанија од 1939 до 1975 владееше диктаторот Франко се е јасно, а посебно ако се знае дека токму тој Франко имал симпатии кон Реал, тогаш јасно е зошто Дон Флорентино ова го бара или забранува.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk