Голема, огромна фама денеска се крева во светската фудбалска јавност, а секако предничат шпанските медиуми кои наголемо пишуваат за ситуацијата со Килијан Мбапе и неговата повреда на коленото.
Французинот е во „аут“ дефинитивно, а што точно се случува реално никој со сигурност не може да потврди.
Едно е сигурно, дека напаѓачот е повреден и дека во прашање е неговото колено. Радио „Кадена Сер“ откри дека медицинскиот извештај на напаѓачот укажува на истегнување на левото колено, што би можело да доведе до руптура на задниот вкрстен лигамент доколку се врати на игра предвреме.
Истиот извор вели дека во Реал Мадрид во моментов постои хаотична ситуација и конфликт пред се поради поделените страни дали Мбапе периодов воопшто требало да игра, и дополнително да ја влошува ситуацијата.
Експертот од Франција е спасот за Мбапе?
Поради постојаната болка, Мбапе одлучи да побара второ мислење во Франција кај специјалистот Бертран Сонери-Кот, кој ќе ја даде својата проценка за состојбата на неговото колено.
Советот на докторот беше категоричен: играчот треба да престане да игра на неопределено време за да избегне поголеми компликации.