Фудбалерите на Војводина направија изненадување во натпреварот од 18-то коло од Суперлигата на Србија, бидејќи на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград ја совладаа екипата на Црвена Звезда со 0:1.
Госите го повторија подвигот направен кон крајот на октомври кога ги победи актуелните повеќекратни шампиони на Србија во Нови Сад со резултат од 3:2.
Со вечерашниот пораз, Ц. Звезда му ја отстапи лидерската позиција на Партизан, кој претходно денес победи против Раднички во Крагуевац и има два бода предност пред лутиот градски ривал. Третопласираната Војводина им се приближи на белградските „црвено-бели“ на пет бода.