logo
logo
logo

Шкрињар е нов стопер на Фенербахче

Vecer | 22.01.2025

Шкрињар е нов стопер на Фенербахче

Откако Страхиња Павловиќ и официјално одби да си замине од Милан и да се пресели во Фенербахче, гигантот од Истанбул се сврте кон друга насока. Го довесе искуснилниот словак, Милан Шкрињар. Па така, од сега натаму тренерот Жозе Мурињо ќе има сосема нов стоперски тандем. Покрај Словакот, доведен е и Диего Карлос кој пристигна од Астон Вила, со што Фенер добива на сериозен квалитет во последната линија.

Шкрињар одамна не беше во плановите на тренерот Луис Енрике, па ова секако дека му доаѓа како освежување во неговата кариера. Нов почеток што се вели. Особено што покрај Фенер и Галатасарај беше заинтересирана за негов ангажман, но ете, пресуди очигледно влијанието на Мурињо како прв човек во Фенербахче.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk