Фудбалерите на Баер Леверкузен го совлада тимот на Борусија во Дортмунд со 3:2 во натпреварот од 16. коло на германската Бундеслига.
Германскиот шампионат по зимската пауза се врати бурно, а избраниците на Чаби Алонсо славеа во дербито на колото, продолжувајќи ја потерата по лидерот Баерн. „Фармацевтиците“ поведоа веќе во првиот напад на мечот, со голот на Теља, а седум минути подоцна следуваше нов шок за „милионерите“ кога Патрик Шик погоди и за 0:2. Дортмунд мораше да возврати во најкус можен рок, а тоа им успеа во 12. минута кога Гитенс намали на 1:2. Радоста на Борусија траеше само седум минути, бидејќи Шик постигна и втор гол за 1:3.
Конечните 2:3 дојдоа во 79. минута кога Гираси постигна гол од белата точка.