logo
logo
logo

Северна Македонија БЕЗ ПОРАЗ во Лигата на нации - Ерменија во плеј-офот

Vecer | 17.11.2024

Северна Македонија БЕЗ ПОРАЗ во Лигата на нации - Ерменија во плеј-офот

Фудбалерите на Северна Македонија ги победија Фарските Острови во Скопје со 1:0, во натпреварот од последното шесто коло од групата 4, дивизија Ц од Лигата на нации.

Македонија ја постигна петтата последователна победа со голот на Бојан Миовски во 62. минута.

Во вториот натпревар од оваа група Ерменија во Рига ја победи селекцијата на Летонија со 2:1 и со тоа обезбеди плејоф за пласман во Б дивизијата.

Ерменија поведе преку Едуард Сперцијан во 48. минута, а Робертс Улдрикис израмни за Летонија во 70. минута. Четири минути подоцна Артур Миранјан им донесе победа на гостите.

Северна Македонија го освои првото место во групата со 16 бодови и претходно обезбеди пласман во Б дивизијата од Лигата на нации.

Ерменија е на второто место со седум бодови, Фарските Острови се трети со шест, додека Летонија е на последното место со четири бода.

Фото: Личовски, ЕФЕ/ЕПА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk