logo
logo
logo

Серија А: Болоња реди победи, реми со шест гола на Сардинија (ВИДЕО)

Vecer | 22.11.2025

Серија А: Болоња реди победи, реми со шест гола на Сардинија (ВИДЕО)

фото: Lega Serie A (X)

Како гостин во Удине, Болоња го совлада Удинезе со 0:3 во еден од двата денешни дуели од новото коло во Серија А. Со овој триумф, Болоња ја продолжи серијата победи во Серија А до трета последователна со која им се придружи на Интер и Рома на врвот на табелата со по 24 бода.

Болоња во првиот дел промаши пенал преку Орсолини, но во второто полувреме успеа да дојде до триумфот со убедлив резултат. Орсолини со два гола во вториот дел се оддолжи за промашениот пепан, а конечните 0:3 ги постави Бернардески.

Во вториот меч кој се одигра на Сардинија, екипата на Каљари ја пречека Џенова во дуел кој заврши со фантастични 3:3. Џенова водеше двапати во текот на првото полувреме, а Каљари возврати двапати за 2:2. Во вториот дел домашните поведоа за 3:2, додека Мартин со гол во завршницата донесе бод за Џенова.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk