logo
logo
logo

Сензационално: Роналдо да не ти бил Роналдо, туку ХОНАЛДО!

Vecer | 16.06.2026

Сензационално: Роналдо да не ти бил Роналдо, туку ХОНАЛДО!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Во пресрет на стартот на Португалија на Светското првенство, објавено е видео на кое се гледаат португалските репрезентативци како ги изговараат своите имиња, а една сцена особено ги изненади навивачите ширум светот. Главниот лик е Кристијано Роналдо (41). Иако е еден од најпознатите спортисти на сите времиња, многумина дури сега сфатија дека неговото презиме на португалски не звучи исто како што го изговара поголемиот дел од светот.
„Чекај, значи цел живот погрешно го изговараме презимето на Роналдо?!“ напиша еден навивач.

Кристијано Роналдо. Кристијано Хоналдо“, спореди друг.

Трет рече:

Го изговараат погрешно своето име“.

И четвртиот беше исто така изненаден:

Значи, тоа е Кристијано Хоналдо, а ние го изговараме Роналдо цело време“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk