Иако се чинеше дека со враќањето во Сантос, клубот од неговото детство, Нејмар решил да ја заврши кариерата таму, сепак плановите се поинакви.
Имено „екипата“ од повеќе искусни асови во МЛС лигата би можела многу брзо да добие нов член, бидејќи Нејмар преговара со Синсинати, објави Атлетик. Апсолутно неверојатна вест. Се чини дека Бразилецот решил да игра на тлото на САД по секоја цена, бидејќи нема да учествува на Светското првенство. Постојат неколку пречки за овој трансфер, пред сè, договорот на Нејмар со Сантос до крајот на календарската година, но бидејќи во последно време не е во најдобри односи со претседателот на клубот, лесно може да се случи да добие одврзани раце да си замине.
Исто така, Синсинати има одредени административни пречки, типични само за МЛС, па ќе мора да се откажат од една од своите три најголеми ѕвезди (Денки, Робинсон или Евандер) за да направат место за Нејмар.
Нејмар играше во Европа, Блискиот Исток, Бразил, а одењето во МЛС на 35 години дефинитивно би било нов предизвик за него.
sportmedia.mk
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата