logo
logo
logo

Селекторот на Сенегал казнет со 100.000 долари за инцидентите во финалето против Мароко

Vecer | 29.01.2026

Селекторот на Сенегал казнет со 100.000 долари за инцидентите во финалето против Мароко

ФОТО:facebook.com/fsfOfficielle

Африканската фудбалска асоцијација ги објави казните по повод финалето на Африканскиот куп помеѓу Сенегал и Мароко и хаосот кој што се случуваше на овој дуел.

Како што е добро познато  во последните секунди на регуларниот дел главнито судија досуди пенал за Мароко, инаку домаќин на турнирот, по што Сенегал на иницијатива на селекторот Пап Тиау најпрво го напушти теренот па по речиси половина час натегање, сенегалците се вратија. Мароко го промаши пеналот, мечот замина во продолженија за да Сенегал на крајот постигне гол и победи.

Сега, селекторот на Сенегал е казнет со 100.000 долари, и пет меча суспензија.

Санкциите не застанаа тука. Двајца од напаѓачите на Сенегал кои играат во англиската Премиер лигата, Илиман Ндијаје од Евертон и Исмаила Сар од Кристал Палас се суспендирани со по два натпревари на турнирите на CAF поради неспортско однесување кон судијата.

Кај Мароко, напаѓачот Исмаел Саибари од ПСВ е суспендиран на три натпревари. Капитенот на репрезентацијата, Ашраф Хакими нема да може да ја претставува својата земја на два меѓународни натпревари во Африка.

Конечно, Сенегалската фудбалска федерација беше казнета со огромни 615.000 долари (515.000 евра) за разни прекршоци, додека Кралската мароканска фудбалска федерација (FRMF) ќе мора да плати 200.000 долари (167.000 евра) за несоодветното однесување на своите играчи на балот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk