logo
logo
logo

Селекторот на Полска за проблемот со Левандовски: Се откажа затоа што му ја одземав капитенската лента

Vecer | 10.06.2025

Селекторот на Полска за проблемот со Левандовски: Се откажа затоа што му ја одземав капитенската лента

Селекторот на полската фудбалска репрезентација, Михал Пробиеж ја објасни одлуката на Левандовски за напуштање на репрезентацијата додека тој е селектор. Пробиеж за полските новинари објасни дека единствената причина поради која левандовски донел ваква одлука е затоа што му била одземена капитенската лента.

„По натпреварот со Молдавија и бројните разговори со играчите и тренерскиот штаб, имав време да анализирам и да донесам одлука. Мислев дека е вистинско време да го сменам капитенот. Одлуките од ваков вид никогаш не се лесни, но убеден сум дека на националниот тим му беа потребни. Немав друга опција, па разговарав со Роберт по телефон. Му кажав за мојата одлука. Роберт одговори дека лентата не значи ништо и нема да промени ништо во тимот. Подоцна се сретнав со Пјотр Зиелински и му кажав дека тој ќе биде капитен, а Роберт веќе беше известен. Подоцна Роберт самиот се јави и ми кажа дека сака да објавиме дека тој се откажува од капитенската лента, но јас одговорив дека нема да го сторам тоа бидејќи тоа е моја одлука. Потоа тој објавил дека се откажува од репрезентацијата“, изјавил селекторот на Полска.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk