logo
logo
logo

Секоја чест: Еве зошто Гави е голем спортсмен! (ВИДЕО)

Vecer | 28.01.2025

Секоја чест: Еве зошто Гави е голем спортсмен! (ВИДЕО)

Познато е дека Гави е голем фудбалер, еден од најдобрите млади играчи за врска не само во Ла Лига туку во цел свет. Младиот фудбалер на Барселона е позната фудбалска “фаца“. А дека е и голем спортсмен тоа го открива неговиот тренер Ханси Флик.

Имено на околу 15 минути до крајот на средбата меѓу Барселона и Валенсија, која заврши со резултат 7:1, Флик го повикал Гави да влезе во игра. Кога почнал да му говори за тоа што треба да направи на теренот, Гави го замолил својот тренер место него шанса да добие Пабло Торе, кој многу ретко добива шанса да заигра за Барселона на официјални натпревари.

Навистина бев импресиониран од целата таа ситуација, безв импресиониран од потегот на Гави. Гледате како играчите на Барселона се поврзуваат и не мислат само на себе“ посочи Флик.

Инаку Гави (20) и покрај својата младост важи за еден од клучните играчи на Барса и репрезентацијата на Шпанија.

Тој е миленик не само на фановите на каталонскиот клуб туку и на цела фудбалска Шпанија, а после ова неговата популарност и тоа како ќе биде уште поголема.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk