logo
logo
logo

Сега е официјално: Ал Хилал го претстави Карим Бензема! (ФОТО)

Vecer | 02.02.2026

Сега е официјално: Ал Хилал го претстави Карим Бензема! (ФОТО)

ФОТО:facebook.com/AlhilalFC/

Готово е. Сега е и официјално. Карим Бензема е претставен како нов член на Ал Хилал. Пред десетина минути клубот од С. Арабија се пофали со овој мега – трансфер. Најавите се остварија, Бензема останива во С. Арабија.
Меѓу другите, дресот на овој клуб го носат Дарвин Нуњез, Рубен Невес, Тео Ернандез, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Калиду Кулибали, но легендарниот Французин дефинитивно ќе биде огромно засилување. Бензема пристигна во Ал-Итихад во летото 2023 година. Тој доби еден од најголемите договори во историјата на фудбалот вреден 100 милиони евра годишно.
Сепак, пред неколку дена имаше целосен хаос. За време на преговорите за продолжување на соработката, Французинот беше изненаден од понудата. Ал-Итихад сметаше дека Бензема зел доволно пари за две и пол години. Му понудија да игра бесплатно, но да има 100 проценти од профитот од правата на неговиот лик и работа.


Тој одби, потоа одби да игра за овој клуб, а вечерва го комплетираше трансферот за кој фудбалскиот свет бруи.
Ова дефинитивно може да се третира како големо предавство, како да се преселил од Реал во Барселона. Ал-Итихад и Ал-Хилал се најголемите ривали во Саудиска Арабија.
Деталите од договорот со новиот клуб наскоро ќе бидат познати.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk