Седум хрватски навивачи се уапсени поради нацистички поздрав и нацистички песни на вчерашниот меч со Франција.
Според „Ле Паризиен“ пред натпреварот, околу 300 хрватски навивачи „пееле патриотски песни, палеле димни бомби и скандирале со нацистички поздрави“. Изданието тврди дека некои од нив биле вооружени со железни шипки и палки.
За време на интонирањето на хрватската химна, десетина луѓе повторно демонстрирале нацистички поздрав.
По завршувањето на натпреварот, седум навивачи се приведени.