По вчерашната победа над Арсенал од 2:1, најголемите светски букмејкери веруваат дека Манчестер Сити ќе ја освои Премиер лигата.
Тимот на Пеп Гвардиола го победи Арсенал на домашен терен во 33-то коло од Премиер лигата, па сега „граѓаните“ заостануваат само три бода зад водечките „топчии“, со натпревар помалку.
За првпат оваа сезона, Сити е главен фаворит за освојување на титулата, со коефициент од 1,68. По 31-то коло, нивниот коефициент беше 6,00, а по 32-то коло, тој беше 2,25. Квотата за Арсенал сега е 2,20, додека обложувалниците нудеа коефициент од 1,10 по 31-то коло.
Пред сезоната, Манчестер Сити се сметаше за трет фаворит за освојување на титулата.