logo
logo
logo

Се подготвува голема промена во Премиер лигата?

Vecer | 27.12.2025

Се подготвува голема промена во Премиер лигата?

Менаџерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, по сè изгледа ќе го напушти лондонскиот клуб на крајот од сезоната, пренесува Фабрицио Романо, како и неколку англиски медиуми.

Договорот на австрискиот стратег истекува на 30 јуни 2026 година, а наводно нема намера да го продолжи.

Гласнер го предводи Палас од 2024 година и за многу кратко време успеа да направи големи работи на клупата на клубот. Ги освои ФА Купот и англискиот Суперкуп (Комјунити шилд), оваа сезона е главен фаворит во Конференциската лига, а неговиот тим игра многу атрактивен фудбал.

Поради сето тоа, тој се најде и на мета на бројни екипи од Премиер-лигата, меѓу кои има и клубови со поголемо реноме од Кристал Палас, а токму тоа најверојатно е главната причина поради која решил да си замине.

„Рекол дека е време за нов предизвик“, пренесуваат медиумите од Островот.

По 17 одиграни кола во Премиер лигата, Кристал Палас се наоѓа на осмото место на табелата со 26 бодови, а утре во рамките на 18. коло ќе го пречека Тотенхем од 17:30 часот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk