logo
logo
logo

Се огласи и Јунајтед: Рубен Аморим не е веќе наш тренер! (ФОТО)

Vecer | 05.01.2026

Се огласи и Јунајтед: Рубен Аморим не е веќе наш тренер! (ФОТО)

ФОТО: Manchester United/FB

Сега е веќе и официјално. Имено пред неколку минути се огласи и Манчестер Јунајтед. Во соопштението од страна на клубот се вели дека Рубен Аморим не веќе нивни тренер:

Рубен Аморим ја напушти функцијата главен тренер на Манчестер Јунајтед.Рубен беше назначен во ноември 2024 година и го водеше тимот до финалето на УЕФА Лигата на Европа во Билбао во мај.
Со оглед на тоа што Манчестер Јунајтед е шести во Премиер лигата, раководството на клубот неволно донесе одлука дека е вистинско време за промена. Ова ќе му даде на тимот најдобра можност за највисок можен пласман во Премиер лигата. Клубот сака да му се заблагодари на Рубен за неговиот придонес во клубот и му посакува се најдобро во иднина.

Дарен Флечер ќе го преземе тимот против Барнли во среда“ се вели во соопштението на клубот од “Олд Трафорд“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk