logo
logo
logo

Савињо за 50 милиони евра прави трансфер од Сити во Тотенхем?!

Vecer | 11.08.2025

Савињо за 50 милиони евра прави трансфер од Сити во Тотенхем?!

ФОТО: Manchester City F.C./FB

Сега веќе и дефинитивно е јасно дека по заминувањето на Сон, а и по тешката повреда на Медисон, на Тотенхем и тоа како му потребен барем еден одличен офанзивец.

Токму затоа челниците на “Спарси“ го посакуваат напаѓачот на Манчестер Сити, Савињо. Според некои шпекулации, преговорите меѓу двата клуба. Рано е за деталите, но се пренесува дека Тотенхем нуди 50 милиони евра, додека Манчестер Сити бара 60 милиони евра. Разликата и не е така голема па се очекува овој трансфер да се реализира.

Познато е дека Пеп Гвардиола има доста широк ростер во нападот, па така Савињо не му неопходен, а му треба под итно и излезен трансфер поради пропиисите на УЕФА за настап во Лигата на Шампионите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk