logo
logo
logo

Сантос дише полесно со Бразилецот: На Нејмар ова му се нема случено од 2022 година!

Vecer | 05.08.2025

Сантос дише полесно со Бразилецот: На Нејмар ова му се нема случено од 2022 година!

Нејмар е во сè подобра форма, а најнов доказ за тоа е одличниот натпревар што бразилската ѕвезда го одигра ноќеска. Со два негови гола, Сантос славеше победа од 3:1 против Жувентуде во 18. коло од првенството и се оддалечи од зоната за испаѓање.

Нејмар остана на теренот до крајот на натпреварот по петти пат по ред – нешто што не му се случило уште од август 2022 година. Во истиот период, 33-годишниот напаѓач последен пат постигнал два гола на еден натпревар.

Жувентуде пристигна на „Вила Белмиро“ по четири последователни порази, но не заостануваше многу зад домаќините.

Во 37. минута, Нејмар се најде на вистинското место по една одбрана на голманот на Жувентуде, Руан Карнеиро, и одблизу го отвори резултатот. Само три минути подоцна, Алваро Бареал ја казни грешката во одбраната на Жувентуде – 2:0. Гостите, сепак, ја вратија неизвесноста уште пред полувремето со погодокот на венецуелскиот дефанзивец Вилкер Анхел.

Во второто полувреме, Габриел Бразао направи чуда на голот за да ја сочува предноста на Сантос. Во 80. минута, Нејмар реализираше пенал и ја обезбеди победата на домаќините со својот трет гол во сезоната.

На табелата, Сантос сега е на 15. место со 18 бодови, додека Жувентуде остана на претпоследната 19. позиција со само 11 бодови. Лидери со по 37 бодови се Фламенго и Крузеи́ро.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk