Во директниот дуел на екипи кои што се борат за опстанок во шпанската Примера, вечерва тимот на Мајорка обезбеди екстра важна победа на гостувањето кај Џирона со минимални 0:1.
Единствениот погодок на овој меч го постигна португалецот Саму Коста во 43. минута за водство на гостите, гол кој што подоцна ќе се покаже и како одлучувачки на дуелот.
Со оваа победа Мајорка се изедначи во бодовите токму со Џирона и сега овие два тима имаат по 38 поени. Мајорка има подобра гол разлика и е место (15) погоре на табелата.