logo
logo
logo

Салиба ќе биде дел од Арсенал до 2030 година

Vecer | 25.09.2025

Салиба ќе биде дел од Арсенал до 2030 година

Еден од најстандардните и воедно најдобри играчи на тимот на Арсенал во моментов, дефанзивецот, Вилиам Салиба, ќе потпише нов со далеку подобри услови договор со „Топџиите“.

Салиба веќе ги договори личните услови, а договорот кој што за многу брзо ќе биде потпишан ќе биде со рок до 2030 година.

Салиба пристигна во Арсенал во летото 2022 година од Марсеј. Дефанзивецот веќе има одиграно 139 натпревари за „топџиите“, постигнато седум гола и запишано три асистенции. 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk